Нов пораз за младите ракометарки: Македонија ќе игра за избегнување на последното место

Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација до 19 години забележа нов пораз на Европското првенство во Романија. Исланд денес беше подобар од нас со 35:29 во разигрувањето за последните четири места.

Исланѓанките од самиот старт ја наметнаа својата игра и брзо си создадоа предност од 5:1, Македонија во продолжение успеа да се врати, дури и поведовме на двапати со 6:7 и 7:8. Но, се покажа дека тоа ќе бидат единствените моменти во кои имавме предност.

Исланд набрзо повторно ја наметна својата игра и на пауза замина со пет голови предност (20:15). Во второто полувреме избраничките на Јулијана Дамчевска се обидуваа да се вратат во игра, но немавме сили и на крајот загубивме со 35:29.

Анастасија Трпеска беше најефикасната кај нас со шест гола, по пет постигнаа Стефаноска и Јанкуловска, а по четири Дукоска и Коцева.

Македонија за избегнување на последното место ќе игра против Србија или Хрватска, во зависност која репрезентација ќе загуби во нивниот меѓусебен дуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот