Нов извештај сугерира дека Британија не е доволно подготвена за екстремни временски настани

Дождлив јули во Британија / Фото: Tayfun Salci / Zuma Press / Profimedia

Владата на Обединетото Кралство не е доволно подготвена за екстремни временски настани кои би можеле да предизвикаат значителни нарушувања, утврди Националната ревизорска канцеларија (НАО) во извештајот објавен денеска, а во кој се вклучени резултатите од проценката за тоа како Обединетото Кралство е подготвено за четири типа екстремни временски услови: суша, поплава, бура и високи температури.

Во извештајот се наведува дека иако британската Влада работеше на зајакнување и изнаоѓање соодветен одговор на климатските промени, како и за ублажување на ризиците, требаше да стори повеќе и порано за да се подготви и прилагоди на екстремните временски услови.

„Сегашниот предизвик за владата е како да стави доволен акцент на превенцијата и подготвеноста, но и на донесувањето информирани одлуки за приоритизација за да обезбеди ефикасни и ефективни инвестиции на долг рок“, се наведува во извештајот на Националната ревизија, пренесен од британските медиуми.

Во него се додава дека владините ресори треба забрзано да работат брзо до 2025 година на координиран, приоритетен пристап кон климатските инвестиции и адаптација, а потоа да го спроведат до 2028 година, што е пред нејзината сегашна цел да биде имплементиран до 2030 година. Поради отсуството на ефикасна стратегија и цели, на британската Влада и е тешко да носи одлуки за инвестирање, оценува НАО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот