Норвешки пратеник предлага НАТО да ја добие Нобеловата награда за мир

Норвешкиот пратеник Ерлен Виборг објави дека го предложил НАТО, најголемиот воен сојуз во историјата, за Нобелова награда за мир во 2020 година.

„Преку своето постоење, НАТО го гарантира нашиот мир 70 години. Благодарение на НАТО, ние ја избегнавме Студената војна да стане жешка војна”, напиша Ерлен Виборг на Фејсбук.

Тој е член на популистичка десничарска партија што е во владејачката коалиција во Норвешка.

„Понекогаш сме зависни и од воените операции за мир”, тврди Ерлен Виборг.

Пред само неколку дена во Лондон, Алијансата ја прослави 70-годишнината од постоењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот