Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави денеска дека осум нордиски и балтички земји поддржуваат поголема улога на НАТО во поддршката на Украина во војната со Русија.

„Ние поддржуваме поголема улога на НАТО во обезбедувањето безбедносна помош за Украина и во координацијата на обезбедувањето воена поддршка и опрема“, рече Билстром по состанокот на министрите за надворешни работи на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија и Норвешка.

На средбата е договорено да се формира група експерти кои ќе ги помагаат напорите на Украина за влез во ЕУ.

„Ова дава можност да се олесни патот на Украина кон членство во европското семејство“, рече Билстром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот