Марија Корина Мачадо / Фото: EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Нобеловката Марија Корина Мачадо му ја посвети наградата на Трамп

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, ја доби Нобеловата награда за мир за 2025 година за борбата против диктатурата во земјата, а делумно му ја посвети наградата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој постојано тврдеше дека ја заслужува наградата.

Мачадо рече дека нејзината награда е „огромно признание за борбата на сите Венецуелци“ и рече дека смета на поддршката од американскиот претседател, пренесе Ројтерс.

Венецуелката Марија Корина Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир за 2025 година

„Ја посветувам оваа награда на страдалниот народ на Венецуела и на претседателот Трамп, за неговата непоколеблива поддршка на нашата цел“, напиша Мачадо во објава на Икс.

Ние сме на прагот на победата и денес повеќе од кога било сметаме на претседателот Трамп, народот на Соединетите Американски Држави, народите на Латинска Америка и демократските нации во светот како наши главни сојузници во остварувањето на слободата и демократијата, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот