Фото: Профимедиа

Рецепт за штрудла со смокви, јаболка и цимет: Најубавиот есенски десерт!

Овој десерт лесно се подготвува, а е вистинско слатко уживање за сите сетила.

Состојки:
Тесто:

– 300 грама брашно
– 170 грама путер на собна температура
– 100 грама шеќер
– 50 грама мед
– 1/4 лажичка сода бикарбона
– Малку сол
– Малку цимет
– Рендана кора од еден лимон
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 4 жолчки

Фил:

– 400 грама суви смокви
– 80 грама пире од јаболка
– 50 грама мед
– Малку цимет

Подготовка:

Во сад изматете ги путерот, шеќерот, медот, кората од лимон, солта, екстрактот од ванила и циметот. Во текот на матењето додавајте ги жолчките една по една, додека да се соедини смесата.
Измешајте ги брашното и содата и додавајте лажица по лажица додека матите со најниска брзина на миксерот. Тестото треба да биде многу меко.
Поделете го тестото на четири дела и обликувајте долгнавести форми од секое парче. Завиткајте ги во фолија. Тестото треба да отстои во фрижидер најмалку два часа.
За тоа време, исечкајте ги смоквите и блендирајте ги заедно со пирето од јаболка и медот. Зачинете со цимет. Оваа смеса ставете ја во готварски шприц.
Секое парче тесто исукајте го тенко и сечете правоаголници од околу 8 сантиметри. Вадете од тестото по потреба, бидејќи брзо омекнува.
На секој правоаголник ставете од филот на средина, па преклопете, така што краевите ќе бидат од долната страна. Штрудлите ставете ги во фрижидер да отстојат уште еден час.
Откако се добро изладени, наредете ги во плех за печење на хартија. Печете на 180 степени околу 15 минути.
Послужете откако се добро изладени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот