Њукасл потврди: Тонали се враќа на 27. август

Фото: Newcastle United FC

Њукасл потврди дека Сандро Тонали почна со издржувањето на суспензијата од десет месеци поради обложување.

Англискиот премиерлигаш плати огромна сума да го ангажира Италијанецот од редовите на Милан, но сега тој доби десетмесечна суспензија поради обложување. За Тонали оваа сезона е завршена, а ќе го пропушти и Европското првенство во летото кое следи.

Од премиерлигашот потврдија дека Тонали ќе се врати на 27. ми август наредната година, тоа значи дека на располагање ќе го имаат наредната сезона.

Ќе потсетиме, Италијанецот според казната ќе мора осум месеци да посетува установа за одвикнување од обложување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот