Њукасл има нов адут за тренерската клупа, на „Сент Џејмс Парк“ доаѓа експертот за трофеи во Лигата на Европа

Сега Емери е главен фаворит да седне на клупата на Њукасл/ фото: EPA-EFE/Maja Hitij

Шпанскиот тренер Унаи Емери е последното име кое се поврзува со клупата на Њукасл и според пишувањето на германски „Спорт“ тој е и фаворит да биде нов тренер на најбогатиот клуб на светот.

Иако минатиот месец Њукасл беше купен од страна на Саудискиот инвестициски фонд кој најавува големи инвестиции, екипата ја очекува тешка и грчевита борба за опстанок во Премиер лигата.

Изминатиот викенд Њукасл загуби од Челси и се наоѓа на претпоследното место на табелата со само четири освоени бодови во досегашните десет натпревари во Премиер лигата.

Најголемиот проблем на новите сопственици на Њукасл е пронааѓањето на тренер бидјеќи досега нивните понуди ги одбија имиња како Жозе Мурињо, Ерик тен Хаг, Стивен Џерард, Брендан Роџерс, Антонио Конте, но „Спорт“ пишува дека потрага најверојатно ќе заврши со Унаи Емери кој се специјализира за освојување на трофејот во Лигата на Европа и најави дека нема ништо против да седне на клупата на Њукасл.

Шпанецот три пати со Севиља и еднаш со Виљареал триумфиураше во второто по квалитет европско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот