Ниту извештај, ниту отпусно писмо за родилката Крстевска по смртта на нејзиното бебе во битолската болница

Викторија Крстевска се уште чека отпусно писмо од битолската болница/Фото: Фејсбук

Министерството за здравство го заврши надзорот за бебето што почина во Битола, ама нема јавно да каже што содржи извештајот. Изговорот е дека Јавното обвинителство има отворено предистражна постапка и затоа извештајот од стручниот надзор спроведен во болницата ќе им биде испратен само на обвинителите. Дури и мајката Викторија Крстеска нема да го добие извештајот од констатираната состојба за нејзиното породување, а од Министерството за здравство велат дека се обврзани само да го испратат до Обвинителството.

Крстеска, чие бебе почина при породувањето, е децидна дека тоа е резултат на лекарска неажурност и лош третман. Таа сѐ уште го нема добиено ниту отпусното писмо од болницата, за што завчера реагираше на Фејсбук.

-Ете јас после 12 дена се уште немам отпусно писмо. Се уште мојата историја ја нема. Као технички си испишана, а документ од мене нема??? Никаде? И нема мучканици? Или народски речено, “Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано?”, напиша Крстеска на својот Фејсбук профил за трагичниот ден кога при породувањето почина нејзиното бебе Јован.

Таа е решена да ја истера правдата до крај.

„Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам. Мислејќи дека сте Бог. Убијци. Парична казна? Смешно е. Дури не сносат одговорност нема да се откажеме“, порача таа.

Крстеска обвинува за лекарска негрижа и лошо изведено породување поради кое го загуби своето бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот