Ник Кирјос би можел да ја заврши кариерата?!

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Ник Кирјос сериозно ги загрижи љубителите на тенисот со потврдата дека нема да игра на Австралија Опен на почетокот од годината.

Поранешниот финалист на Вимблдон не успеа да се опорави од повредата на коленото поради што во 2023 година одигра само еден меч.

Тенискиот аналитичар Брет Филипс стравува дека Кирјос наскоро може да објави крај на кариерата.

„Повредите баш го „нападнаа“. Мислам дека и понатаму ќе се мачи да се врати, да бидам искрен има и многу работи кои може да ги прави надвор од тенисот. Се обиде да биде коментатор и остави добар впечаток, знам дека е паматен и има своја фондација, ќе биде баран. Има 28 години, но Ник секогаш велеше дека нема да игра тенис во длабоките 30-ти години, зборуваше за повлекување и пред две години. Тие повреди, коленото, зглобот…тоа е најлошо нешто со што можете да се соочите во тенисот“, изјави Филипс.

Тој смета дека не би било изненадување ако се погледнат некои други играчи.

„Дел Потро не успеа да се врати после повредата на зглобот. Федерер после неколку операции на кореното немаше сили да продолжи…Кирјос можеби ќе се врати и поради сервисот да остане натпреварувачки силен, но ќе има проблем со движењето по теренот, тоа никогаш не му била силна страна, тоа не може да му одговара“, заклучи Филипс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот