Незгодна група за македонските кошаркари во квалификациите за Евробаскет 2025

фото: kfsm.mk

Денеска со жрепка во Минхен се дознаа противниците на македонската сениорска кошаркарска репрезентација во главните квалификации за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји: Летонија, Кипар, Финска и Полска од 27 август до 14 септември 2025 година.

Нашите најдобри кошаркари се сместени во последната квалификациска група „Х“ заедно со репрезентациите на Литванија, Полска и Естонија.

Литванците ни се добро познати, како фаворити во група, потоа против Полјаците изминатиот период тестиравме двапати во Белград и загубивме убедливо во тие мечеви, а Естонците ги имавме за ривали во претходните квалификации за ЕП 2022.

фото: принтскрин/youtube.com/@FIBA

Согласно со „рестрикциите“ на ФИБА, со оглед на тоа дека Полска е еден од домаќините на наредното Европско првенство, и има обезбедено директен пласман на шампионатот, место во завршниот дел ќе има за најдобрите две пласирани репрезентации во ова „друштво“.

Квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, ќе се играат во три ФИБА „прозори“. Односно на 19-27 февруари 2024 година, 18-26 ноември 2024 година и 17-25 февруари 2025 година (со по два натпревари одиграни од секоја репрезентација во секој прозорец).

Трите највисокопласирани селекции од секоја група, освен групите во кои влегуваат ко-домаќините на Евробаслетот, Кипар, Финска, Полска и Летонија, ќе се квалификуваат за финалната рунда.

Лимасол ќе биде град домаќин на групата која ќе се игра на Кипар, во улога на домаќин во Летонија е Рига. Натпреварите во Полска во онаа прва фаза ќе се играат во Катовице, а оние во Финска, во Тампере.

Квалификации за Евробаскет 2025

Група „А“
Словенија
Украина
Израел
Португалија

Група „Б“
Италија
Турција
Унгарија
Исланд

Група „Ц“
Шпанија
Летонија
Белгија
Словачка

Група „Д“
Германија
Црна Гора
Бугарија
Шведска

Група „Е“
Франција
Хрватска
Босна и Херцеговина
Кипар

Група „Ф“
Грција
Чешка
Холандија
Велика Британија

Група „Г“
Србија
Финска
Грузија
Данска

Група „Х“
Литванија
Полска
Естонија
Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот