Невладините за СЈО: Специјалното обвинителство да биде на ист ранг со тоа Организиран криминал

Наталија Петровска, Фото: Архива

СЈО треба да опстои и да функционира во склоп во постоечката хиерархија и супординираност на обвинителскиот систем, но со одредена автономија. Тоа може да се постигне единствено ако се доведе на ранг на Обвинителството за организиран криминал и корупција, со што јасно ќе се разграничат надлежностите, смета „Блу Принт“ групата за реформи во судството чии преставници денеска беа на консултација во Министерството за правда во врска со новиот закон за јавно обвинителство.

Од таму велат дека нивниот предлог не е содржан во предлог-законот ниту во амандманите на политичките партии. За нив е дискутабилно и полномошното кое од затворот во Шутка го испрати Катица Јанева со кое ги ополномоштува другите обвинители во СЈО да ги предадат предметите на ОЈО.

-Дискутабилно е од повеќе прашања меѓу кое е тоа дека причините заради кои е таа во притвор е да се спречи да го повтори делото и да влијае на истрагите. Дискутабилна е законитоста и можноста да се употреби тоа полномошно – вели Натали Петровска од „Блу принт“ групата.

Таа истакнува дека предметите мора да продолжат и да имаат судска разрешница и завршница бидејќи само така ќе се докаже дека се напушта принципот на неказнивост. Петровска вели и дека со преземањ ена предметите може да се зголеми и опасноста од тоа да застарат, но вели дека ОЈО не треба да го дозволи тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот