Неверојатна тужба на англиски рагбист, не се сеќава дека триумфирал на Светско првенство
Англискиот рагбист Стив Томпсон (42 години) кој со својата репрезентација во 2003 година триумфира на Светското првенство, но тој момент му е „избришан“ од мемријата бидејќи за жал боледува од деменција која е предизвикана од ударите во главата.
– Воопшто не се сеќавам на тој период. Дури не се сеќавам ни дека некогаш сум бил во Австралија – изјави Томпсон за „Гардијан“.
–Ја гледам снимката од наптреварот и не ништо не ми е јасно. Се гледам себе си на теренот, а никако не можам да се сетам што правев таму – додава Томпсон на кого годинава му е дијагностицирано дека страда од деменција.
Томпсон за „Гардијан“ вели дека освен што не се сеќава дека бил дел од англиската репрезентација на СП во Австралија, туку и дека понекогаш го заборава името на неговата сопруга. Поради тоа, тој вели дека никогаш не би сакал да игра рагби.
– Би сакал никогаш да не станев професионален рагби играч. Жалам што не ја завршив порано кариерата бидејќи можеби мојата дијагноза не би била толку тешка. Некои луѓе сакаат слава, но јас никогаш не сум го сакал тоа. Јас сакам да имам нормален живот – вели Томпсон.
Томпсон открива дека исто така има проблеми со зборувањето, со размислувањето како и дека има и напади на паника, но тој не е единствен рагбист кој има слични проблеми поради бројните удари кои ги добил во главата за време на кариерата. Тој заедно со уште седуммина рагбисти кои се помлади од 45 години поднесоа тужба против Светската рагби федерација и бараат обесштетување.