НЕТАНЈАХУ ЗАСТАНА ПРЕД БОРБЕН АВИОН И МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: Овие авиони можат да стигнат до вас (ВИДЕО)
Слободен печат
Пред
Фото: Принтскрин
Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху денеска му се закани на Иран, откако Техеран вчера официјално го зголеми нивото на збогатување на ураниум, со што ги надмина мерките предвидени од нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година.
Нетанјаху застана пред борбениот авион Ф-35 и порача дека Иран „треба да запамети дека овие авиони можат да стигнат до секое место на Блискиот исток, вклучувајќи ги Иран и секако Сирија“.
Нетанјаху е критичар на нуклеарниот договор на Иран и светските сили и ја повика Европа да воспостави нови санкции поради најновото кршење на одредбите од договорот.
Израелскиот премиер постојано истакнува дека никогаш нема да му дозволи на Иран да развие способности за да направи нуклеарна бомба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории на третиот кат, но водата се слевала и надолу, се до подрумот, потврдија за „Слободен печат“ три извори од Клиниката. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Токму на ваква хаварија …
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. …