Нетанјаху најдоцна до 10 јули треба да ја напушти премиерската резиденција во Ерусалим

Фото: EPA-EFE/DEBBIE HILL / POOL

Новиот лидер на израелската опозиција, доскорешниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство официјално најдоцна до 10 јули ќе треба да ја напуштат премиерската резиденција.

Израелскиот парламент на 13 јуни ја изгласа новата влада на чие чело се наоѓа Нафтали Бенет, со што се става крај на дванаесетготишното владеењето на Нетанјаху, кој во историјата на Израел најдолго ја ивршувал фукцијата премиер.

Иако новата Влада положи заклетва, сепак Нетанјаху сѐ уште официјално не ја напуштил премиерската резиденција во Ерусалим, пред која веќе неколку недели протестираат граѓани кои бараат тој да си поднесе оставка.

Во заедничкото соопштение на Кабинетите на Бенет и Нетанјаху, како што пишува бета.рс, се наведува дека е постигнат договор според кој поранешниот премиер заедно со своето семејство ќе треба да ја напушти резиденцијата најдоцна до 10 јули. Потоа во неа ќе се всели новиот премиер Бенет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот