Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека обновувањето на иранското збогатување на ураниум од 20 проценти има за цел развој на нуклеарно оружје и дека Израел никогаш нема да дозволи Техеран да го произведува.

Нетанјаху во соопштение наведува дека иранската одлука за збогатување може да се објасни само како обид за продолжување на спроведувањето на намерата за развој на воената нуклеарна програма.

Нетанјаху додава дека Израел нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје.

– Иран го обнови збогатувањето на ураниум од 20 проценти во подземниот нуклеарен комплекс Фордо – изјави претходно владиниот портпарол Али Рабеи за агенцијата Мер.

Иран почна збогатување на ураниум до 20 проценти

Тоа е спротивно на Договорот постигнат во 2015 година од кој се повлекоа САД и Иран и најверојатно, како што пренесуваат странските агенции, ќе наштети на плановите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за Вашингтон повторно да ги почитува преземените обврски од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

На 1 јануари Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека била информирана дека Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во Фордо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот