Нетанјаху до демонстрантите: Последното нешто што ни треба се избори

Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците на демонстрантите собрани вчера во Тел Авив, да се одржат предвремени избори во таа земја.

„Последното нешто што ни треба сега се избори бидејќи тие веднаш ќе не поделат. Ни треба единство“, рече Нетанјаху.

Демонстрации вчера беа одржани и во Ерусалим каде неколку стотици луѓе се собраа пред резиденцијата на израелскиот претседател барајќи договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и одржување предвремени избори.

Неколку илјади собрани во Тел Авив исто така го поддржаа повикот.

Следните редовни избори во Израел се закажани за 2026 година.

Групите се собраа откако Нетанјаху претходно одби да испрати израелска делегација во Каиро за понатамошни преговори за заложниците

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот