Несуден директор од кичевско сакал да седне во фотелја во студентски дом во Скопје со лажен сертификат дека знае англиски

Фото: Борис Чешларов / Google Maps

66-годишен жител на кичевското село Колибари, во близина на Зајас, се пријавил на оглас за директор на скопскиот студентски дом „Томе Стефановски- Цениќ“, а во пријавата доставил фалсификуван сертификат за познавање на англискиот јазик, соопшти МВР.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од с.Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државниот студентски дом „Томе Стефановски Сениќ““, велат од полицијата.

Сертификатот осомничениот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот