Несреќниот свртничар признал вина за катастрофата во Грција: Го испратив возот на погрешна пруга

Фото: EPA/EFE / Apostolis Domalis

Свртничарот на железничката станица во грчкиот град Лариса, според медиумите во земјата, признал дека е виновен за синоќешниот катастрофален судир на возови, во кој загинаа повеќе од 40 луѓе.

Според грчката телевизија „Скај“, железничарот е уапсен и тој пред истражителите признал дека го испратил еден од возовите на погрешен колосек, од кој во спротивна насока веќе се движел другиот воз. Несреќниот свртничар рекол дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за страшната несреќа.

Утре свртничарот треба да биде изведен пред обвинител, а се очекува да започне и обдукцијата.

Според ЕРТ, тој се соочува со многу сериозни обвиненија, со кои му се заканува и доживотен затвор. Се очекува да има обвиненија против него и за повеќекратно убиство од небрежност.

Грчкиот министер за транспорт Константинос Караманлис поднесе оставка поради несреќата. Премиерот Кирјакос Мицотакис го посети местото на несреќата, а потоа во обраќање до јавноста најави дека ќе формира независен експертски комитет кој ќе ги испитува причините за железничката несреќа. Покрај Караманлис, соопшти Мицотакис, оставки поднеле и одговорните во Грчката организација на железници.

Премиерот рече дека е извесно оти несреќата се случила поради човечка грешка.

ВИДЕО | Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот