Нервозни возачи се пресметувале на улица во Бутел откако направиле сообраќајка, ги нападнале и полицајците кои дошле да ги двојат

Фото: МИА

Двајца скопјани вчера се уапсени во населбата Бутел, откако се степале поради сообраќајна несреќа, а потоа ги нападнале и полицајците кои биле повикани на местото, соопшти МВР.

„На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обиделе физички да ги нападнат“, велат од полицијата.

Двајцата нервозни возачи биле задржани во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот