Необичен, но вкусен рецепт на Стефанија Несторовска: Кускус песто оброк салата

Фото: Приватна архива

Ако барате урамнотежена, хранлива, вкусна и лесна идеја за оброк, Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска ни приготви рецепт за здрав нутритивен оброк.

Многу лесно може да се адаптираат состојките, а Стефанија како инспирација споделува една нејзина верзија.

Кускусот е познат како „најмалата тестенина во светот“, a процесот на подготовка на оваа салата не може да биде поедноставен. Она што е важно е дека кускусот е здрава намирница.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 филџани варен кускус*
– 1 филџан варен грашок (или грашок од конзерва)
– 1 краставица, исечкана на мали коцки
– половина филџан фета-сирење (јас користев веганско, но користете какво сакате)
– половина филџан ситно исечкан магдонос
– 1/4 филџан ситно исечкано нане
– 1 филџан песто
* јас користев безглутенски кускус од леќа и наут, но слободно може да користите каков имате или, пак, да замените со киноа/хелда или некоја друга житарка. Варете според инструкциите на пакувањето.

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Додајте ги сите состојки во голем длабок сад и убаво промешајте сè додека сите состојки не се изедначат.

Пробајте и тестирајте, па ако има потреба дополнително додадете сол, бибер и слични зачини. Јас немав потреба, сосема ми беше зачинето од пестото.

Со оглед на тоа што нема лиснати зеленчуци, оваа салата може да стои во фрижидер и до 3-4 дена што ја прави совршена за консумирање, но и за подготовка на оброк. Може да ја користите како прилог на некое парче месо или риба или како целосен оброк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот