Немирите продолжуваат: Палестински тинејџер со автомобил удрил во воен пункт, Израелците го убиле

Западен брег во Газа, Израел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Израелските сили убиле палестински тинејџер кој со автомобил удрил во воен контролен пункт на окупираниот Западен Брег, при што тешко ранил израелски чувар, соопшти израелското Министерство за одбрана, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Инцидентот се случил на контролен пункт меѓу Израел и централниот Западен Брег, во близина на градот Тулкарем. Повредениот израелски чувар се наоѓа на лекување во медицинскиот центар Шеба во Тел Авив и се очекува да преживее, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Во соопштението се додава дека наводниот палестински напаѓач имал 16 години.

Насилството тлее на Западниот Брег, дел од територијата окупирана од Израел за време на војната на Блискиот Исток во 1967 година и која Палестинците ја бараат за идната држава, откако мировните преговори под покровителство на САД беа прекинати во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот