Нема закана за војна во Европа, сепак Фон дер Лајен повика на подготвеност

epa10183002, Европска комисија

Шефицата на Европската комисија вели дека Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа.

„Заканата од војна можеби не е неизбежна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба да ги зајакнеме и трансформираме вооружените сили на членките на блокот“, рече фон дер Лајен во Европскиот самит за одбрана и безбедност.

Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од нова генерација за да „победи на бојното поле“.

„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно количество материјал и технолошка супериорност што може да и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашите одбранбени индустриски капацитети во следните пет години, тоа е „задача на моментот“, изјави Фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот