Нема да има увоз на возила под евростандард 5?

За да се „подмлади“ возниот парк и да се намали загадувањето, годинава веројатно ќе се зголеми стандардот за увоз на возила, најави министерот за економија Крешник Бектеши на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“

– Согласно комуникациите што ги имаме со Министерството за животна средина, годинава, најверојатно, треба да се зголеми стандардот. Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од евростандард 4 –рече Бектеши.

Во однос на другите мерки што се планираат во однос на еколошката компонента на транспортниот сектор, Бектеши, ги спомена субвенцииите за домаќинствата за вградување плински уред, или уред на метан, како еколошки горива, мерка што ќе се спроведе годинава.

Тој рече дека се бараат средства за уште две мерки кои Министерството за економија сака да ги спроведе. Со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возила кои ги имаат, а кои се под евростандард 4, со возила со евростандард 5 или 6. Втора мерка, за која се уште не се обезбедени средства, е субвенционирање на купување на хибридни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот