Неколку републиканци сакаат да го преименуваат аеродромот во Вашингтон во „Меѓународниот аеродром Трамп“

Аеродромот во Вашингтон / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Патниците кои пристигнуваат во главниот град на САД наскоро би можеле да слетаат на „Меѓународниот аеродром Трамп“ доколку неколку посветени републикански пратеници успеат во нивната навидум контроверзна идеја. Поддржувачите на Трамп во Претставничкиот дом оваа недела покренаа иницијатива за преименување на главниот аеродром во Вашингтон во чест на поранешниот претседател, кој се бори да се врати во Белата куќа.

Аеродромот моментално го носи името на Џон Фостер Далс, државен секретар од 1950-тите, додека вториот, помал аеродром во градот го носи името на поранешниот претседател Роналд Реган. Конгресменот Гај Решенталер, заменик-претседател на републиканската пратеничка група во Претставничкиот дом, рече дека го иницирал законот за промена на името затоа што Трамп бил, како што рече, „најдобриот претседател во мојот живот“, пренесува Скај њуз.

„Додека милиони домашни и меѓународни патници минуваат низ аеродромот, нема подобар симбол на слобода, напредок и сила од тоа да се слушне „Добредојдовте на Меѓународниот аеродром Трамп“ додека допираат на американско тло“, рече Решенталер.

Тешко е да се поверува дека иницијативата ќе успее бидејќи неизвесна е и поддршката на републиканците во Долниот дом, а демократите и онака го контролираат Сенатот. Кампањата дојде веднаш по Денот на шегата и наиде на потсмев кај демократите.

„Далс е стар, грд аеродром што никој не сака да го види. Затоа мислам дека ова е соодветна идеја“, рече демократскиот конгресмен Брендан Бојл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот