Нека биде спектакл, само да не се повтори Манчестер: Македонија по шести пат против Англија

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Денеска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација против Англија ќе ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи следното лето во Германија.

Англичаните веќе се учесници на ЕП, ние по двомечот со Украина ги загубивме шансите, па вечерашниот дуел ќе биде само за престиж или уште една добра проверка на квалитетите на нашите најдобри фудбалери кои ќе се обидат да го поправат впечатокот дека нереален беше високиот пораз годинава во Манчестер од 7:0. Селекторот Благоја Милевски по тој меч се извини пред целата јавност за изданието кое беше прикажано на „Олд Трафорд“.

Милевски: Учиме од секој натпревар, па и од тој на „Олд Трафорд“, кога имате млади играчи нормално да има осцилации

Голманот Столе Димитриевски е свесен поради големиот број на примени голови во овој квалификациски циклус и дека тимот мора да биде повеќе фокусиран на мечевите. Според најавите ќе има полни трибини на Националната арена „Тодор Проески“, а во главниот град се очекува да има и доста фанови на англиската репрезентација.

Нашата А селекција по шести пат во својата историја ќе ги одмери силите против една од најдобрите фудбалски репрезентации на светот, Англија.

Во квалификациите за ЕП 2004 во Скопје минимално загубивме (1:2), тогаш поведовме со голот на Христов во 28 минута, а Англија направи пресврт со погодоците на Руни (52`) и Бекам од пенал (63`).

Имаме уште еден домашен меч во Скопје против Англија, и на тој бевме минимално поразени (0:1) во квалификациите за ЕП 2008, а стрелец беше Крауч во 46 минута.

Квалификации ЕП 2004
Англија – Македонија 2:2
Македонија – Англија 0:1

Квалификации ЕП 2008
Македонија – Англија 0:1
Англија – Македонија 0:0

Квалификации ЕП 2024
Англија – Македонија 7:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот