Милевски: Учиме од секој натпревар, па и од тој на „Олд Трафорд“, кога имате млади играчи нормално да има осцилации

Фото: ФФМ

Maкедонскиот селектор Благоја Милевски денес ја одржа официјалната прес-конференција пред натпреварот против Англија кој се игра утре од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“.

На последниот натпревар против Англија, Македонија дожиивеа катастрофа од 7:0, но селекторот верува дека со промените, селекцијата има нова енергија.

„Ние веќе направивме многу измени и во составот и во начинот на кој функционираме на самиот терен. Во циклусот во септември и ноември, со нас се нови млади играчи, сега сме во фаза на создавање на тим. Нормално е кога имате млади играчи да имате осцилации во играта со слаби и добри резултати, но овие натпревари кога играте со најдобрите во Европа и светот се шанса да ги тестирате вашите можности. Ние учиме од секој натпревар, па и од тој на „Олд Трафорд“, направивме многу измени и сега сметам дека нашата селекција има нов лик со млади играчи кои донесоа многу позитивна енерија“. изјави Милевски.

Долго време проблем во репрезентацијата е минутажата на фудбалерите во клубовите, а Милевски во таква ситуација и им честита на фудбалерите.

„Свесни сме дека тој проблем е актуелен, не само сега, туку неколку месеци наназад. Ростерот е тој што е, играчите имаат проблеми во своите клубови, но ние од тука не можеме да направиме ништо за да им олесниме. Мораме да се надеваме дека ќе се променат нивните позиции во клубовите, за да бидат во подобра ситуација и кога се тука во репрезентацијата. Уште еднаш сакам да им честитам на момците затоа што не само што даваат се од себе, туку и повеќе од тоа. Против Италија веќе во 70-тата минута имавме играчи кои се жалеа на замор, не е воопшто лесно против актуелниот европски шампион да додјете блиску до враќање по 3:0, ниту физички, ниту ментално“.

 

Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот, а билетите се веќе распродадени, па така Македонија ќе ја пречека Англија пред полн стадион.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот