Недостаток на медицинска опрема: Оваа земја има само четири респиратори на 12 милиони жители
Како што се шири пандемијата на коронавирусот (бројот на забележани случаи премина 2,2 милиони), земјите низ целиот свет пробуваат да дојдат до додатна медицинска опрема потребна за спасување на животи.
Експертите предупредуваат дека оваа пандемија би можела да направи голема штета во земјите каде недостасува опрема и инфраструктура, односно оние со лош здравствен систем.
Пример, Јужен Судан има само четири респиратори и 24 кревети на интензивното одделение за 12 милиони жители. Тоа значи дека има еден респиратор на три милиони луѓе.
Средноафриканската Република има 3 респиратори
Буркина Фасо има 11 респиратори, Сиера Леоне 13, Средноафриканската Република 3, додека Венецуела има 84 кревети на одделението за интензивна нега на 32 милиони жители.
„Веќе сме сведочеле за тоа како пандемијата брзо ги надвладеа здравствените системи во земјите со релативно напредно здравство“, рекла за Си-Ен-Ен Елинор Раикес, потпретседателка и водителка на Меѓународниот одбор за помош (ИРЦ).
На 70% од заразените пациенти на интензивна нега им е потребен респиратор
Во Велика Британија, држава со повеќе од 110.000 забележани случаи, им се потребни уште 18.000 респиратори. Франција има намера да произведе уште 10.000 додатни респиратори, а Германија во април им испрати 50 респиратори на Шпанија и 60 на Велика Британија.