Не успеаа да играат, па ќе коментираат: Салах и Марез во нова улога на СП во Катар

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Салах и Марез сепак ќе бидат дел од Светското првенство, иако не онака како што сигурно најмногу посакуваа за своите репрезентации на теренот.

Египет и Алжир не успеаа да се пласираат на Мундијалот во Катар. Египет беше поразен во драматичен пенал рулет од Сенегал, а Алжир беше елиминиран во двомечот со Камерун.

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер сепак ќе го почувствуваат Мундијалот повеќе отколку само како гледачи. Имено, тие потпишале договор за да бидат стручни консултанти за „beIN Sports“.

Ќе потсетиме Египет настапи на СП во Русија, но не се прослави, додека Алжир последен пат дел од Мундијал беше во Бразил во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот