НЕ СИ ЗАМИНУВААТ ЛУЃЕТО САМО ОД МАКЕДОНИЈА: И Швајцарците сè повеќе ја напуштаат својата земја

Се повеќе и повеќе Швајцарци избираат да ја бараат својата среќа во странство, со тоа што Франција, Германија и САД, но и Австралија или Тајланд се нивните омилени дестинации за животот.

Иселувањето на населението во голем број не е единствено за земјите од Источна и Југоисточна Европа, туку влијае и на богатите земји, како што е Швајцарија.

Се повеќе и повеќе Швајцарци избираат да ја бараат својата среќа во странство, со тоа што Франција, Германија и САД, но и Австралија или Тајланд се нивните омилени дестинации за нов живот.

Во последниве години, значително се зголеми бројот на лица од Швајцарија кои ја напуштија земјата, а во исто време „дијаспората“ се враќа сè помалку. Резултатот на тоа е дека, на пример, во 2017 и 2018 година, околу 32.000 Швајцарци емигрирале, додека 24.000 се вратиле во земјата.

Според статистичките податоци, околу 36 проценти од иселениците од Швајцарија се на возраст меѓу 20 и 35 години, при што сè повеќе млади ги спакувале своите куфери и ја оставаат богата, но сепак скапа Швајцарија.

Втората група иселеници се двојните државјани, имено Швајцарците со странско потекло, како Италијанците или Португалците, кои по пензионирањето се враќаат во својата поранешна татковина.

Меѓутоа, Швајцарија нема проблем со демографијата затоа што тоа е земја во која ќе имигрираат, а околу 55.000 странци се населиле во оваа земја во текот на минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот