НЕ СЕ КАКО ЈАПОНЦИТЕ: Ја оставивте класата на терен, а соблекувалната? (ВИДЕО)

twitter.com/En24News

Ја совладаа Славија во Прага во третото коло од Лигата на шампионите, а после тој меч се објави едно видео кое не претставува добар пример.

Фудбалерите на Барселона секако ја оставија класата во теренот на дуелот против чешкиот претставник, но играчите на Валверде покажаа како не треба да се третира една соблекувална каде што ја подготвуваш својата опрема за новиот настап.

https://twitter.com/BTVideoClips/status/1187512528361779201

Храна, пластични шишиња, хартија и останато ѓубре, а една ТВ успеа да ја сними и очајната состојба на тушевите и дека просторија е чистена неколку часа.

Претходно сме виделе убави примери што ги направиле Јапонците на клупски и репрезентативен план.

Лани на СП иако беа елиминирани од Белгија, беа достоинствени во поразот, ја исчистија соблекувалната и ги освоија срцата на многу неутрални навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот