Не може без Јувентус: Мурињо поради една реченица ризикува голема казна

Жозе Мурињо толку беше лут што ја шутна топката на мечот со Верона/Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Во италијанската фудбалска Серија А екипата на Рома одигра нерешено 2:2 против Верона, а на тој меч тренерот на римскиот клуб, Жозе Мурињо доби црвен картон.

Португалскиот стратег беше незадоволен од судењето на Лука Паирето и од лутина ја шутна топката кон трибините.

После тоа беше исклучен од главниот арбитар поради една реченица која ја кажа Мурињо и поради која ризикува да биде жестоко казнет.

– Намерно те пратија, Јувентус те испрати – беа зборовите на Мурињо, а пренесува италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“.

После тоа првите луѓе на Рома им се извинуваа на судиите поради однесувањето на Португалецот. Според најавите од Италија можно е Мурињо да биде суспендиран на два или три натпревари.

Јуве оваа сезона не е толку доминантен како во изминатите години, моментно „Старата дама“ се наоѓа на четвртото место со 47 бодови, зад Милан (56), Интер (54) и Наполи (53), а „волчицата“ е на осмата позиција со 41 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот