НЕ ИЗДРЖА: Почина „сината девојка“ која се самозапали пред судот
Сахар Кодајари, 29 годишната девојка која се самозапали пред судницата по сознанието дека ја очекува затворска казна од 6 месеци до 2 години, поради „нелегалното” присуство на фудбалски натпревар на омилениот тим, подлегнала на повредите.
Во 21 век, присуство на жени на фудбалски натпревари во Иран е сеуште забрането – иако истото беше дозволено пред само неколку децении. Сахар била приморана да се маскира во маж за да присуствува на натпреварот во март, кога и играл нејзиниот омилен ирански клуб, Естегал. За жал, тогаш била фатена и уапсена, за потоа да помине 3 ноќи во затвор и да биде ослободена со кауција, додека го чекала судот да ја изрече казната за стореното дело. За иронијата да биде поголема, Сахар е уапсена на стадионот Азади, што во превод значи Ослободување.
29 годишната Сахар дипломирала на факултетот за компјутерски науки, a на социјалните мрежи го доби епитетот #bluegirl поради нејзината љубов кон фудбалскиот тим Естегал од Иран, чии бои се сино-бели.
ФИФА го услови Иран да ја прекине забраната за присуство на жени на фудбалски наптревари, со рок до 31 август. Иран сe’ уште не дозволува женско присуство на натпревари. Преку хаштагот #bluegirl, луѓе од целиот свет во вчера и денес пишуваат на темата и бараат правда од ФИФА со исклучување на Иран од натпревари, се додека правилото за забрана на присуство на жени на фудбалски натпревари не се промени (кое веќе ги прекршува и самите правила на ФИФА).
Од фудбалскиот тим Естегал ја споделија фотографијата на нивниот инстаграм профил, каде во самиот пост изразуваат сочуство кон семејството. Официјалните власти се’ уште немаат дадено изјава за целиот настан. Според Humans Right’s Watch, жените во Иран не можат да присуствуваат на фудбалски натпревари од 1981 година, но смеат да посетуваат некои други спортски натпревари, како одбојка. Иако непишаното правило не е озаконето, ова не е прв случај кога жени биле уапсени за прекршоци од ваков тип во Иран.
Али Карими, поранешен играч на ФК Баерн Минхен, кој има одиграно 127 натпревари за иранската репрезантиција и воедно гласен борец против забранетото присуство на жените на фудбалските натпревари во Иран, побара бојкот на сите стадиони во знак на протест за трагичната смрт на младата Кодајари.
Жена во Иран се самозапали пред да биде осудена за обид за влегување на стадион