Не исклучувам вето за С. Македонија, за да се отрезнат политичарите, вели експретседателот на бугарскиот парламент

Фото: Nova News / принтскрин

„Не сакам екстремни мерки, но можеби треба да одиме таму – да наметнеме вето за да се отрезнат овие политичари. Не го исклучувам тоа“, изјави поранешниот претседател на Бугарскиот парламент и професор по право, Огњан Герџиков, за бугарската телевизија „Нова“.

Причина за ова, како што објасни Герџиков, е „ескалацијата на тензиите против Бугарите“ во земјава.

„Бугарија не можеше на светот да му ја покаже состојбата на односите и историската вистина со Република Македонија, додека тоа го правеа Македонците. Работите се длабоко вкоренети долго време. Во Македонија се разви посебен шовинизам, антибугарски чувства. Ова е многу деликатна тема, тука е потребен многу дипломатски пристап. Губат повеќе, со оваа конфронтација им се пресекува или барем се одложува патот кон ЕУ. Зошто да отстапиме од имињата на бугарските културни клубови – Ванчо Михаилов и цар Борис Трети?“, праша Герџиков.

Според него, постои опасност следниот парламент да го повтори она што се случи досега.

„Се надевам дека ова е последна ротација – парламенти за неколку месеци. За жал, не можам да бидам сигурен. Кризата е во немањето дијалог, бидејќи партиската себичност преовладува над националните интереси“, вели Герџиков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот