Не е сѐ до изгледот: Мажите лудуваат по жените кои ги прават овие три работи – не трчајте по нив, натерајте ги да трчаат по вас!

Фото: Профимедиа

Со овие мали трикови, освојте го речиси секој маж, односно натерајте го да ве освои.

Овие девојки не се модели, ниту се едни од најубавите на светот, но имаат магија благодарение на која мажите веднаш се вљубуваат во нив.

Не е сè до физичкиот изглед, постојат мали трикови со кои се служат промислените жени, а речиси секогаш се делотворни.

1. Тие му дозволуваат на мажот да ги освои.

Тие не трчаат по маж. Жената која знае како да го освои мажот не се обидува да го фати. Таа продолжува да живее како воопшто да не разсмилува за својата врска со него.

Таа му дозволува тој да ја заврши целата работа, да се јавува, да планира состаноци, да плати во кафулето. Таа го прави тоа затоа што разбира дека мажот се вљубува кога дава.

Таа разбира дека мажот треба да чувствува дека ве прави среќни. Ако чувствува дека го цените она што го прави (кога го прифаќате она што го нуди, кога му давате комплименти и му се заблагодарувате), тој ќе биде луд по вас!

2. Тие се трпеливи.

Штом мажот ќе почне да се вљубува во вас, лесно е да станете нетрпеливи. Сакате да знаете кога ќе имате втор состанок, кога повторно ќе се јави, кои се неговите планови итн.

Но, жената која знае како да натера маж да се вљуби, останува трпелива. Таа дозволува врската да се одвива природно и постепено бидејќи сака да види како тој се справува со сето тоа, како тој сето тоа го решава.

Тој разбира дека прво мора да се додворува и да и докаже дека е достоен, вреден за нејзиното внимание. И таа дозволува тоа да се случи, дури и ако понекогаш навистина сака да му се јави и да праша што се случува меѓу нив. Но, таа знае дека трпението ѝе најдобар пријател, па чека тој да се јави. И тоа ѝ покажува дали е достоен да ѝ биде партнер.

Бидете стрпливи. Дајте му време да ве освои. И секогаш дадете му до знаење како се чувствувате поради него.

3. Ги покажуваат своите чувства.

Жената која може да го натера мажот да се вљуби во неа, не губи време расправајќи се за тоа како треба да се однесува со неа. Таа едноставно му дава до знаење на мажот што сака, што ѝ се допаѓа, а што не.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот