НБА лигата ги укинува тестовите за марихуана

фото: EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Поранешни играчи на НБА лигата ја поддржаа легализацијата на марихуаната, вклучително и Џ.Р. Смит и Ел Херингтон.

Раководството на кошаркарската НБА лига повеќе нема да тестира играчи за марихуана, пренесува „Атлетик“.

Таа одредба е вклучена во новиот колективен договор меѓу НБА и Професионалната кошаркарска асоцијација. Лигата и сојузот на играчи сè уште треба да ратификуваат нов повеќегодишен договор, кој ќе вклучува клаузула со која ќе се отстрани марихуаната од програмата за тестирање на дрога на лигата, а играчите повеќе нема да бидат казнети за пушење марихуана или користење на THC производи.

Здружението на играчи НБПА не откри детали за договорот, велејќи во соопштението на Твитер: „Конкретни детали ќе бидат достапни откако ќе се финализира списокот со условите“.

Претходната политика за употреба на марихуана за играчите во НБА беше доста строга. Играчот, за кој беше утврдено дека пушел марихуана, бил ставен во програма за лекување и советување за прв прекршок, казнет со 25.000 долари за втор прекршок и забрана за учество во пет лигашки натпревари за трет прекршок.

Во 2021 година, НБА објави дека повеќе нема случајно да тестира играчи за употреба на марихуана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот