Навивачите во Германија ја добија битката, нема да има влез на странски инвеститори

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Раководството на германската фудбалска лига се откажа од планот на странските инвеститори да им се овозможи влегување во клубовите. Во прв план беа инвеститори од Саудиска Арабија, меѓутоа навивачите беа против „подобрување на угледот на Бундеслигата“ на тој начин.

Веќе неколку недели навивачите на клубовите од Бундеслигата, но и од пониските рангови ги прекинуваа натпреварите на најразлични начини, а тоа беше во знак на протест.

Челниците на германскиот фудбал сметаа дека се вложување на странските инвеститори може да се подигне угледот на Бундеслигата, се најавуваа и најразлични маркетинг стратегии, сепак како што сега стојат работите нема да има ништо од тоа.

Навивачите не сакаат влегување на странските инвеститори како што тоа е случај со Премиер лигата каде што во последните години пристигнаа силни финансиски инекции од арапскиот свет. Од друга страна германскиот фудбал е во пад, голем број второлигаши и третолигаши се на работ да згаснат, тука е и славниот Шалке кој има сериозни финансиски проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот