Навивачи на Црвена Звезда биле уапсени по дербито со Партизан

Фото: KK Crvena Zvezda

Тензично беше и во вчерашното дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан во АБА лигата, дербито на крајот заврши со драматична победа на црвено-белите (88:86), а навивачи на домаќините биле уапсени по завршувањето.

Според информациите на српските медиуми, навивачите фрлале тврди предмети кон играчите, судиите и записничката маса. Обвинителството и наредило на полицијата да ги идентификува останатите насилници и да ги приведе за направено кривично дело.

Првите проблеми настанале уште пред почетокот на мечот кога една жена покрај записничката маса била погодена.

Поединци на трибините неколку пати во текот на натпреварот го изразуваа незадоволството кон противничките кошаркари со фрлање предмети и покрај тоа што домашните кошаркари апелираа да прекинат.

ВИДЕО | Луд момент од дербито: Мајката и сопругата на Недовиќ тргнаа да се пресметаат со кошаркар на Партизан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот