Навални ги обвини Епл и Гугл за договор со Путин

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални ги обвини американските технолошки компании „Епл“ и „Гугл“ за таен договор со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, на барање на руските власти, тие ја повлекоа неговата апликација наменета за гласање на изборите во Русија.

„Ако нешто ме изненади за време на изборите, не беше толку Путин, кој ги фалсификуваше резултатите, туку ме изненадија семоќните големи технолошки компании кои послушно станаа негови соучесници“, напиша Навални на социјалната мрежа Инстаграм.

 

„Едно е кога монополистите на мрежата држат стап, со цврсти принципи за животот, кои ја сакаат слободата. Но, сосема е поинаку кога овие луѓе се и кукавици и алчни “, додаде тој.

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Навални напиша дека овие луѓе на големите екрани велат дека сакаат да го направат светот подобро место, но внатре има само „лажговци и лицемери“, експлицитно посочувајќи ги Гугл, Епл и Инстаграм.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Под притисок на Москва, Гугл и Епл минатиот петок се согласија да ја повлечат од своите он лајн продавници во Русија апликацијата за избори која ја постави тимот на Алексеј Навални

Апликацијата овозможуваше да се добијат упатства како и кога да се гласа за да се поразат кандидатите за Кремљ на парламентарните избори, одржани од 17 до 19 септември.

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Гугл блокираше и две видеа на Ју Туб, во сопственост на технолошката компанија, каде што поддржувачите на руската опозиција ги објаснија упатствата.

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Системот за пораки Телеграм, многу популарен во Русија, исто така, ги повлече упатствата на 18 септември на барање на рускиот регулатор за телекомуникации.

Според извори контактирани од агенцијата Франс прес, властите се заканија дека ќе ги уапсат вработените во тие технолошки компании во Русија.

Руската опозиција посочи на масовни малверзации на изборите, на кои владејачката партија освои двотретинско мнозинство во парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот