НАТО подготвува нова стратегија за зајакнување на одбраната од Русија и Кина

НАТО започна со подготовка на нова воена стратегија за зајакнување на одбраната од заканите од Русија и Кина, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Сојузниците од Алијансата ќе преземат обврски со цел да реализираат нов концепт и стратегија со цел зајакнување на потенцијалот на воздржување и одбрана на НАТО за борба против заканите што доаѓаат од Русија, но и од други земји“, се вели во соопштението.

Овој документ беше објавен пред самитот на Северноатлантскиот сојуз, што ќе се одржи на 14 јуни во Брисел.

Исто така, беше наведено дека стратегијата ќе ја земе предвид „агресивната политика на Русија, како предизвици што се јавуваат пред колективната безбедност на Алијансата поради Кина“.

Покрај тоа, Белата куќа наведува дека НАТО ќе продолжи да ја следи активноста на Русија во Украина, но и околу нејзината територија.

Новиот концепт на стратегијата треба да биде подготвен за усвојување на самитот на Алијансата што ќе се одржи во 2022 година.

На претстојниот самит во Брисел, што ќе се одржи на 14 јуни, претседателот на САД ќе објави цврста посветеност на Америка кон принципот „напад врз еден – напад врз сите“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Покрај тоа, лидерите на Алијансата ќе излезат со цела низа нови иницијативи за гарантирање на безбедноста на сите нивни граѓани до 2030 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот