
Наталија Стевановиќ, единствената српска тенисерка на главниот ждреб на Вимблдон чија јуниорска кариера е поврзана со Скопје и семејството Марковски
Единствената српска тенисерка на престижниот Вимблдон, Наталија Стевановиќ (29) од Ниш, од 2007 до 2012 година живеела и тренирала во Скопје, а нејзин главен тренер бил Мишко Марковски, актуелен главен тренер на Чери тимот во Белград.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Таа научи да зборува македонски и ја обожаваше македонската музика. Во периодот од 2007 до 2012 година, Скопје и тогашното МТП вриеше од светски тенис. Покажавме и докажавме дека светски играчи можат да се прават во Скопје“ вели за „Слободен печат“, Вилма Марковска, сопственик и менаџер на тогашен МТП и актуелен директор и главен тренер на Чери тимот.

Стевановиќ јуниорската кариера ја заврши како петта во светот. Таа играла четврт-финале на „Ролан Гарос“, финале во дублови во Австралија, два пати била полуфиналист на „Оринџ боул“, а во 2011 година на само 17 години освоила 5 „фјучерси“.
Како што ни раскажува Марковска, сонот на Стевановиќ е да влезе меѓу најдобрите 100 на светот и денес после сите подеми, падови и искуства кои ги носи животот и спортот, го игра досега најбитниот меч на својата кариера, на престижниот Вимблдон и за прв пат е во главен турнир на еден Гренд слем.