Наставничка објасни зошто е против дигитализирана настава

онлајн настава
Онлајн настава / Фото: МИА

Дигитализираната настава е главна тема во делот на образованието во последните неколку денови, па поради тоа наставничка со свој статус на Фејсбук објасни зошто е против воведување на оваа реформа. 

Во продолжение прочитајте го нејзиниот статус:

„Важни се реформи во образование. Да, и тоа како.

Било време на транзиција – од кога знам за себе живеам во земја која цело време е во транзиција. Веќе зборот транзиција не сакам да го слушам, ме ежи. Но никако нештата да транзитираат.
Посебно во образоваието.

Посебно ја ценам заложбата на нашата ни драга министерка и баш ми е светла точка во целата политича сцена како и нејзината посветеност да внесе промени но мислам дека стартот е погрешен.
Одделенија со по 30 ученици! Ужас. Настава без никаков квалитет, ама важно да се одржат часовите. Пак квантитет а не квалитет.

Се запрашаа ли каде учениците ќе ги вклучат лаптопите затоа што прво нема толку штекери во училниците (може планираат продолжни кабли да ни донираат, замислете ја училницата со каблите) и кога би се вклучиле сите одделенија од четврто до деветто со лаптопите во струја електричната инсталација ќе се запали, затоа што во повеќето училишта е од пред дедо Ное, го кажувам ова затоа што се случило и тоа два пати додека сме биле сите на настава, токму од таа причина.

Уште во сите училишта тоалетите се со чучавци кои постојат од кога мојот дедо учел и истите не се променети. Децата, (поесбно девојчињата затоа што и во двата случаи треба да клечат) не можат, односно не знаат како се врши ни мала ни голема нужда затоа што нигде не виделе таква дупка од нужник (па често тоа го прават на плочките) не знаат како да ги користат, ги држам за раце, но кога нема да стигнам сите да ги дофатам се задржуваат на подот, во мочките затоа што нели се мали, се плашат да не паднат во дупката од чучавецот а притоа не можат да направат ни толкав расчекор а истовремено треба да клечат и да внимаваат да не си ја измочаат облеката. Па кога ќе ти кажат дека се држеле за подот/плочките додека вршеле нужда, коса ти се исправа.

И ние ќе дигитализираме настава.

Проект кој што чини милиони а притоа треба секоја година – две да се обновува, нели технологијата застарува. Тоа е супер проект ама да биде како надоградба на образовниот систем. Имаа обид и претходните со лаптопчиња за ученици од прво до трето па ене ги скапуваат во „фрижидерите“и никогаш не проработеа. Отидоа еден куп пари во вода.

Нема да бидам скромна ама ич и ќе кажам дека сум многу креативен и иновативен наставник кој вредно, со многу енергија и љубов ја работи својата работа. Сакам новитети, така и работам, барем се трудам. И јас сум за дигитализација ама кога ќе дојде време за тоа. Треба да им се обезбеди на сите ученици прво ист пристап, ист лаптоп а не да ги тортурираме од мали со социјални разлики затоа што некој ќе дојде со МАС, некој со лаптоп што ќе чека половина час да му се подигне и почне да работи па секој трет ден ќе им завршуваат на поправка а некој со никаков па ќе чека да му донираат или наставничката да му обезбеди печатени материјали.

И што тоагаш?! Утепување на децата од мали. Значи секој да си знае каде му е местото. Океееј ако така мислите дека е здраво да растатат…искрено се надевам дека е направено истражување од сите аспекти“, се вели во ставот на наставничката. 

Фото: Фејсбук/Принтскрин

Проектот нема да успее, наставниците ќе печатат само таканаречени наставни листови и ќе ги дотепаат учениците.

Сите наставници во државава ни наша утепана прво не се ни толку обучени ниту подготвени за таква настава. Смешки ќе биде.

И доста со тоа учениците кај нас биле со помалку часови на училиште од останатите во светот.
По мои пресметки а според вашите проценки ќе треба до 6 часот попладне да бидат во клупа ако биде така како што кажувате. 900 часови помалку биле на училиште. Тоа е сериозна бројка.
Не знаеме отпадокот во корпа за отпадок да си го фрлиме, не знаеме „добар ден“ да кажеме, не знаеме да прашаме „како си/сте“ ама важно ќе дигитализираме настава. Важно со лаптопите на рамо сите во училиште, кој ќе нѐ гледа, лепота…не знам дали е повеќе смешно или тажно.
Многу сериозен проект, искрено се надевам дека знаете кај терате.

А ние наставниците и на ова ќе се прилагодиме, кој помалку кој повеќе, кутри ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот