Наскоро ќе дознаеме дали оваа теорија за коронавирусот е точна

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Коронавирусот започна да се шири низ целиот свет пред неколку недели и во тоа време многу луѓе сметаа дека е заболувањето е слично на обичниот грип – дека е опасно за ранливите групи, но дека тоа не е нешто за што треба да се грижиме. Сега знаеме дека оваа проценка беше погрешна. Според досегашните податоци, стапката на морталитет за Ковид-19 е најмалку 1 до 2 проценти, за разлика од сезонскиот грип, каде што е 0,1 проценти. Покрај тоа, изгледа дека новиот коронавирус е исто толку заразен како грипот, па дури и повеќе, пренесува Си-Ен-Ен.

Некои експерти се надеваат дека Ковид-19 и ќе се однесува како грипот, односно дека пролетта ќе го намали бројот на заболени.

„Ова е респираторен вирус, а тие секогаш ни создаваат пробеми за време на ладните месеци – вели Нелсон Мајкл, водечки американски истражувач во подрачјето на воената медицина.

Грипот напредува во суви и ладни услови, поради што зимата е сезона на грипот во поголемиот дел од северната хемисфера. Промените на времето на време на зимата исто така имаат ефект, а и Мајкл предивдува дека коронавирусот ќе се однесува како грипот и „ќе ни претставува помал проблем кога времето ќе затопли“. Но, во исто време истакна дека вирусот може да се врати и со ладното време.

Постои надеж дека со радикалните мерки и потполото време бројот на нови случаи на заболени може да се намали, што ќе им даде простор на здравствените работниици да се справат со вирусот и да купат време за развивање на вакцина.

„Многу е важно ситеда разберат дека сега главно се подготвуваме за она што го нарекуваме втор бран“, предупреди Мајкл.

Што ако топлото време не значи ништо?

Но што ако овој вирус не се однесува како грипот? Можеме ли цела година да се бориме со висок степен на заразени. Повеќе од 100 случаи на заразени се потврдени во Сингапур, каде е топло и влажно во поголемиот дел од годината. Австралија, Бразил и Аргентина во моментов се во сред лето, а кај нив се потврдени повеќе случаи.

Засега нема докази дека одредена клима му влијае на коронавирусот. Некои од најзагрозените подрачја на светот – од Вухан преку Иран до Јужна Кореја – се наоѓаат на речиси истата географска ширина, имаат слични температури и умерена влажност на воздухот,

Многу експерти се надеваат дека летото ќе го намали бројот на заболени, но податоците кои доаѓаат до тропските земји не се охрабрувачки.

– Прашање е дали тропските случаи заболеле за време на патување, дали се поврзани со некои познат случаи или не се знае како се заразиле. Ако вирусот се јавува сезонски, како температурите растат, очекувани се поврзани случаи и случаи во кои не се знае како некој се заразил. Мислам дека е прерано да се донесуваат заклучоци за тоа дали Ковид-19 има сезонски примерок или не – вели Британи Кмуш, специјалист за јавно здравје во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот