Нашите власти сакаат НАТО да отвори центар за сајбербезбедност во земјава

Фото: Стево Пендаровски / Фејсбук

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во прва посета на Врховната команда на силите на НАТО за Европа во Монс, Белгија, каде одржа средба со врховниот командант на силите на НАТО и на трупите на САД во Европа, генерал Кристофер Каволи.

По средбата со Каволи, претседателот Пендаровски имаше кус брифинг со македонските новинари, кои се гости на Одделот за јавна дипломатија на НАТО. Притоа истакна дека тема на разговорите со Каволи била војната во Украина и невоената помош што Алијансата ја дава за украинските сили, како и за придонесот што Северна Македонија во рамките на своите капацитети го пружа на Украина со цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мирот.

Проценките на високи претставници на НАТО се дека не се очекуваат поместувања на линијата на борбените дејствија во текот на зимскиот период, но и дека ќе продолжи невоената поддршка на НАТО за Украина, сѐ додека Киев има потреба за тоа. На средбите со македонските новинари, тие посочија дека никој не може да каже кога ќе заврши војната во Украина, но поддршката за Киев ќе продолжи „сѐ додека има потреба“.

Во разговорот на Пендаровски и Каволи станало збор и за прашања од регионално значење, како и за безбедносната состојба во Косово каде Северна Македонија партиципира во КФОР мисија предводена од НАТО со контингент од 65 војници.

Пендаровски на средбата побарал од НАТО отворање на Центар за кибербезбедноство Македонија, по зачестениет хакерски напади со кои се соочи земјата, но и соседите, пред сѐ Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот