Народна банка: И кредитите и депозитите се зголемија над очекуваното

Гужва луѓе пред банка / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Минатата година банкарскиот сектор ја завршил со кредитен раст од 8,3 проценти, додека растот на депозитите бил 7,5 проценти, што е повеќе од она што го проектирала Народната банка.

„На годишна основа, кредитниот раст на крајот на четвртиот квартал изнесуваше 8,3%, што е над проектираниот годишен раст според октомвриската проекција од 7,1%. Овие движења се поддржани и од солиден раст на депозитната основа, како главен извор на финансирање на банкарскиот систем. Имено, годишниот раст на вкупните депозити на крајот на декември достигна 7,5%, што е над растот проектиран во октомвриската проекција од 7,1%“, пишува во најновиот извештај на Народната банка.

Во извештајот, Народната банка се осврнува и на инфлацијата каде како позитивен момент го оценува сегашното поумерено движење на базичната инфлација, но сепак, потенцираат дека и понатаму има ризик од раст на цените.

– Во четвртиот квартал од 2021 година, се забележува забрзување на инфлацијата како резултат на движењата кај прехранбената и енергетската компонента и привремените несовпаѓања на понудата и побарувачката, предизвикани од пандемијата. Согласно со тековната динамика на закрепнување на домашната економија и на пазарот на работна сила, засега не се согледуваат позначителни притисоци од побарувачката врз ценовниот раст. На ова упатуваат и движењата кај базичната инфлација, којашто за разлика од општото ценовно ниво, бележи малку поумерена динамика од очекуваната. Воедно, домашната инфлација е во согласност и со ценовните придвижувања забележани во еврозоната. Сепак, имајќи ја предвид неизвесноста и променливоста на факторите коишто делуваат на ценовното ниво, постојат нагорни ризици за инфлацијата – велат од Народната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот