Наполи договори две засилувања за следната сезона

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Екипата на Наполи за која настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во последните две кола доживеа пораз од Фиорентина и ремизира со Рома со што го загуби чекорот во трката за шампионската титула во Серија А и веќе почна да се подготвува за следната сезона.

Наполи се наоѓа на третото место на табелата со четири бода помалку од лидерот Милан и тешко дека ќе успее во последните пет кола да се врати во трката за титулата, затоа управата почна да размислува за следната сезона и веќе договори две засилувања.

Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека Матијас Оливеира и Квич Квартасткелија веќе се договориле со челниците на Наполи, а на чекор до Неапол е и фудбалерот на Емполи, Кристијан Аслани.

Грузиецот Квартаскелија треба да претставува замена за Лоренцо Инсиње кој по завршување на сезоната ќе си замине од Наполи, додека левиот бек на Хетафе, Матијас Оливеира ќе биде замена за Гулам на кого му истекува договорот на крајот од сезоната.

Аслани кој во првата сезона во Серија А настапи на 18 натпревари се смета за еден од најталентирани фудбалери што играат во Италија и се наоѓа во завршни преговори со Наполи. Неговата вредност се проценува на 3.5 милиони евра, а се уште нема потпишано професионален договор со Емполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот