Највредната банкнота во Аргентина ќе биде со ликот на Марадона

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Аргентинската сенаторка Норма Дуранго најави можност да се пуштат нови банкноти од 1.000 пезоси (10 евра) со ликот на Диего Марадона.

Најавата на сенаторката Дуранго наиде на воодушевување на Аргентинците бидејќи банкнотата од 1.000 пезоси е највредната во оваа јужноамериканска земја.

– Идејата не е само да оддадеме почит на најголемиот спортски идол туку тоа да биде и економско прашање. Чувствуваме дека сите туристи кои ќе ја посетат Аргентина ќе сакаат да ја однесат банкнотата со ликот на Диего со себе – изјави Норма Дуранго.


Аргентинците веднаш започнаа со планирањето на дизајнот на новата банкнота и сакаат таа да биде впечатлива. Една од идеите е на банкнотата да биде само неговиот лик, додека добар дел од граѓаните би сакале на неа да биде отсликан Марадона при постигнувањето на голот кој и го даде на Англија на Светското првенство 1986 година.

Печатењето на новата банкнота се очекува да започне идната година, откако ќе ги помине сите процедури кај аргентинските финансиски власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот