Највисокото раководство во МВР положи цвеќе на повеќе локации каде што се спомениците на загинатите припадници на МВР

Фото МИА

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, денеска највисокото раководство на Министерството за внатрешни работи положи свежно цвеќе на повеќе локации каде што се спомениците на загинатите припадници на МВР.

Свежо цвеќе пред споменикот во кругот на МВР положи делегација предводена од министерот за внатрешни работи гОливер Спасовски, во состав државниот секретар при министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска, директорот на Биро за јавна безбедност м-р. Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. Цвеќе положија и деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, претставниците на здружението на бранителите и семејствата на загинатите бранители, како и претставниците на Македонскиот полициски синдикат.

Раководство во МВР положување цвеќе
Пред споменикот на загинатите припадници на МВР, пред зградата на Гранична полиција, објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, свежо свеќе положија директорот на Биро за јавна безбедност м-р. Сашо Тасевски во придружба на заменик директорот на БЈБ г. Ариф Асани, помошник на директор Јулија Поповска Александровска и помошник на директорот г. Шефик Бајрами.

Раководство во МВР положување цвеќе 1
На споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи во паркот ,,Жена борец “, свежо цвеќе беше положено од страна на помошник на министерот за односи со јавност и стратешки прашања Тони Ангеловски, во придружба на началникот на СВР Скопје, Кирче Даневски и шеф на кабинет на државната секретарка, Јованка Аврамовска.

Раководство во МВР положување цвеќе 2
Оддадена почит и свежо цвеќе беше положено на споменикот на загинатите колеги од хеликоптерската несреќа во близина на Струмица од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи и семејствата на споменикот во Базата „Брест“, како и на споменикот на загинатите припадници од Единицата за брзо распоредување во касарната во Ѓорче Петров и на споменикот на загинатите припадници од САЕ Тигар во касарна Илинден, а од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи и здружението на семејствата на загинатите бранители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот