Најважниот натпревар во шпанскиот фудбал: Што може да очекуваме од новото „Ел Класико“?

Фото: EPA-EFE/Sergio Perez

Денес од 16:15 часот на програмата е најважниот натпревар во шпанскиот фудбал – познатото „Ел Класико“.

Домаќин на натпреварот е каталонскиот гигант, но поради реконструкцијата на „Камп Ноу“ дербито се игра на стадионот „Монжуик“. Реал во натпреварот влегува со предност на табелата па затоа со реми избраниците на Карло Анчелоти веројатно би биле задоволни.

Сепак, во досегашниот дел од сезоната не блескаа ниту едните ниту другите, Реал има скор од осум победи и по едно реми и пораз, додека Барселона е на седум победи, три нерешени средби и без пораз.

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Реал го изгуби градското дерби против Атлетико и тоа прилично лесно со 3:1, па тоа е факт што можеби и значи на Барса во овој моемнт. Барса од друга страна се соочува со повреди. Според последните информации Рафиња и Феликс ќе бидат на располагање, додека неизвесен е настапот на Левандовски, Педри и Френки Де Јонг.

Повредите ги искористија некои млади играчи од „Ла Масија“, посебно се наметнуваат Фермин Лопез и Марко Гуи. Првиот асистираше и ја погоди мрежатан а Шахтјор, додека вториот донесе победа против Атлетик Билбао минатиот викенд. Со тој гол Гуи стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона кој на своето деби постигнал гол.

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Проблеми со повреди, но многу помали има и Карло Анчелоти кој не може да смета на од претходно повредените Едер Милитао и Тибо Куртоа, под знак прашалник е напаѓачот Хозелу.

Главен судија на натпреварот ќе биде Хесус Хил Манзано и тоа предизвика незадоволство во редовите на актуелниот шампион бидејќи Манзано се смета за судија кој е „мадритски ориентиран“.

ЕЛ КЛАСИКО ВО БРОЈКИ:

Победи на Реал 102

Победи на Барселона 100

Нерешени 52

Број на постигнати голови – Реал 423

Број на постигнати голови – Барселона 415

МОЖНИ СОСТАВИ

Барселона: Тер Штеген, Кансело, Араухо, Мартинез, Балде, Ромеу, Гундоган, Гави, Јамал, Жоао Феликс, Торес.

Реал Мадрид: Кепа, Карвахал, Рудигер, Алаба, Менди, Тшуамени, Крос, Валверде, Белингам, Родриго, Винисиус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот