Најсиромашните земји би можеле да добијат анти-ковид вакцина дури во 2024 година

Фото: EPA-EFE/Jacquelyn Martin / POOL

Ковакс механизмот на Светската здравствена организација (СЗО) е главната глобална шема за вакцинирање против ковид-19 на луѓето во земјите со ниски и со средни примања ширум светот и има за цел до крајот на 2021 година да достави најмалку две милијарди дози на вакцини, покривајќи 20 проценти од најранливите земји, главно во Африка, во Азија и во Латинска Америка.

Британските медиуми наведуваат дека поборниците на планот тврдат дека програмата се соочува со недостаток на средства, ризик за снабдување и сложени договори, што може да го оневозможат остварувањето на нејзините цели.

Во интерниот извештај на управниот одбор на компанијата „Гави“, која заедно со СЗО ја води програмата Ковакс, се наведува дека ваквиот неуспех може луѓето во сиромашните земји да ги остави без пристап до вакцини против ковид-19 до 2024 година.

Во извештајот уште се наведува дека „ризикот од неуспех е голем бидејќи шемата е поставена многу брзо и на неистражена територија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот